fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно и студено со засилен ветер

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Во четврток ќе има повремени локални врнежи од снег. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close