Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Во попладневните часови, во западните делови од земјата, се очекува врнежите да бидат пообилни. Утринската температура ќе биде од 5 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 Целзиусови степени.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд – вакво време, според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), не очекува во текот на денот. Ќе дува умерен, а на некои места засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови, во западните делови од земјата, се очекува врнежите да бидат пообилни. Утринската температура ќе биде од 5 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.
И за утре од УХМР прогнозираат дека времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје, утре, ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Температурата утре наутро ќе биде од 7 до 14 степени, а во текот на денот од 15 до 25 Целзиусови степени.