вестиМакедонијаТоп вести

Опаѓа трендот на производство на житни култури, преполовени површините за одгледување

Пред 30 години во земјава се засејуваа по околу 260.000 хектари житни култури, а денес површините се сведени на вкупно 119.000 хектари. И додека трендот на производство се намалува, опаѓа и бројот на вработените во земјоделството. Тие сé повеќе си одат, заминуваат во Чешка, Германија,… Само ако производството биде одржливо, ако се вложи во технологија и ако имаме едноставни, применливи закони, може да се очекуваат добри резултати, рече денеска претседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Огнен Оровчанец.

Тој смета дека субвенции треба да има, но распределбата мора да биде по европски терк. Треба да се поврзе приносот со површината и конечно да се разграничи што е сериозно земјоделство, а што дополнителна дејност.

-Надолниот тренд трае веќе три децении, а клучните причини за тоа се миграцијата на населението и климатските промени. Евидентен е и намалениот интерес за земјоделството. Сепак, позитивн тренд е зголемениот извоз на земјоделско-прехранбени производи кој лани во споредба со 2018 година за 14,5 отсто, рече Оровчанец.

Според него, извозот може да се поттикнува и има сериозен потенцијал за раст ако се фокусираме на производи со зголемена додадена вредност како финалните преработки (вино, тутун, житарки, семенски материјал, фуражни култури).

Извор: Макпрес

Слични написи

Back to top button
Close