Променливо облачно со сончеви периоди
Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.





