Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со сончеви периоди. Од вторник се очекуваат локални врнежи од дожд
Утрово е најстудено во Берово минус 5 степени, Скопје, Струмица и Битола минус 4 степени, минус 3 во Куманово, Штип, Велес и Тетово.
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.




