Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.





