fbpx
ВестиТоп вести

Просечната откупна цена на пченицата е 9 ден/кг

Жетвата одамна заврши. Дел од пченицата е веќе предадена во откупните центри, а дел е сместена во амбарите. Производителите не се задоволни од понудената цена,  и тоа е причината што некои земјоделци  одлучија да ја чуваат  за подобри времиња. Производителите велат дека нема откупувач кој  откупува  по цената од 10,5 ден, што ја објави Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство . Најчесто откупната цена се движи од 8 – 9 ден/кг .

Надлежните институции уште ги обработуваат податоците така што нема точна информација колку пченица и по која цена е откупено.

Заклучно со 7 септември од извршените инспекциски надзори на Државниот инспекторат за земјоделство  откупени се 58 000 т пченица. Овие резултати  не се конечни  и се очекува во наредниот период органите да излезат со официјална информација.

Како што  дознава Зелена берза, Државниот инспекторат за земјоделство  регистрирал  вкупно регистрирани се 100 правни субјекти откупувачи на жито и житни култури (пченица) во регистарот на откупувачи кој се води во МИнистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделство и руралниот развој. Активни откупувачи за 2018 година кои вршат откуп се 70-тина правни субјекти при што констатирано е дека е откупена  количина од  58.000.000 kg пченица од род 2018 година, со просечна откупна цена од 9 ден.Надлежните инспектори за земјоделство и овој период се континуирано на терен се до завршетокот на откупот. Најголем дел од откупената колична е 3 класа поради слабиот квалитет оваа година.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close