Протестот на земјоделците во мирување, ги чекаат субвенциите
Земјоделците го ставија најавениот протест во мирување, ќе ги чекаат ветените субвенции до среда. Ако надлежните ги изманипулираат и не ги исплатат ветените пари дополнително ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните следни чекори. Претседателот на Федерацијата на фармери, Никола Стаменов, вели дека од Министерството за земјоделство им ветиле дека во текот на денешниот ден се очекува и официјално да стапи на функција новиот директор на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството, Игор Златков. Според најавите на министерството и одлуката на Антикорупциска, веќе нема никакви пречки за исплата на субвенциите. Златков во телефонска изјава за Алсат рече дека вработените веќе ги изготвуваат списоците за испалата на субвенциите, и во наредните денови очекува парите да легнат на нивните сметки.