fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Доларот вреди колку еврото, за прв пат од 2002 година

Едно евро е еднакво на точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е намалена за над 12 отсто во однос на неговата вредност на почетокот на годината.

Курсот меѓу еврото и американскиот долар се изедначи во вторникот, за прв пат по 20 години.

Од утрово, едно евро е еднакво на точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е намалена за над 12 отсто во однос на неговата вредност на почетокот на годината.

Тоа значи дека еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година, пред дваесет години.

И во Македонија, состојбата е слична. Како што може да се види од курсните листи за менувачко работење, куповниот курс на еврото (кога европската валута ја откупуваат банките) денеска е се уште повисок од оној на доларот, но продажниот е повисок кај доларот. Тоа значи дека доколку некој (граѓанин или фирма) сака да откупи долари од некоја менувачница, ќе треба да даде повеќе денари на пример за 100 долари, отколку за истиот износ на еврото.

 

Иако вестите се позитивни за Американците кои работат и патуваат во Европа, тоа е загрижувачки знак за здравјето на глобалната економија.

Доларот и еврото веќе некое време се приближуваа. Минатата недела разликата беше измерена на 10 отсто, но најавите беа во насока на натамошно приближување и зајакнување на американската валута.

„Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто“, објави пред една недела банката Сосиете Женерал на глобално ниво.

Зголемената инфлација, која предизвика најголем скок на цените во САД во последните 40 години, ги поттикна Федералните резерви агресивно да ги зголеми каматните стапки, зголемувајќи ја побарувачката за американски долари. Американскиот долар инаку е „светската резервна валута“ и се смета за безбедно засолниште во време на глобален економски стрес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close