fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Путин конфискуваше еден од најголемите земјоделски фирми во Русија

„Агротера“ беше меѓу првите 20 најголеми земјоделски стопанства во Русија.

Во понеделникот, на 8 април, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за префрлање на имотот на компанијата „Агротера“, една од првите 15 најголеми земјопоседници во земјата, под државна контрола.

Според декретот, 100% од „Агротера“ беа префрлени на „привремено управување“ на Федералната агенција за управување со имот. Вистинскиот сопственик на руската групација е холандскиот холдинг AgroTerra Invetments BV.

Одлуката е донесена во рамките на указот на Путин од 25 април 2023 година, според кој странските средства во Русија можат да бидат запленети „во случај на лишување на Руската Федерација, руските правни или физички лица од правото на сопственост на имотот лоциран во непријателски земји“.

Први кои го загубија својот имот според оваа уредба беа финскиот енергетски концерн „Фортум“ и германскиот „Унипер“, порано најголемиот купувач на руски гас во Германија. Потоа, во јули 2023 година, според слична шема, францускиот „Даноне“го загуби својот руски бизнис. Потоа, тие одлучија да го продадат имотот на компанијата на внукот на шефот на Чеченија, заменик-претседател на владата на републиката, Јакуб Закриев.

Според „Форбс“, „Агротера“е основана во 2008 година од американски државјанин со украински корени, Џорџ Рор. До 2023 година, групата беше меѓу првите 20 најголеми земјоделски стопанства во Русија.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close