Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци

(Oвој напис е објавен на: August 4, 2017)

subvencii

Повеќе од 500 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.

Според Арбен Муладаути, овластен раководител на единицата, се очекува бројот на барања дан биде поголем бидејќи се дава можност да може да се аплицира и по електронски пат. Лани, субвенции добиле над 900 земјоделци со вкупен износ од околу милион  евра.

– Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Колку за илустрација, наместо околу 20.000 грла овци, колку што во подрачјето имаше пред шест-седум години, сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, рече Муладаути.

Тој посочува дека повикот е отворен до 15 септември и оти сите потребни информации може да се добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата.


 

сител