fbpx
Вести

Во земјата на сонцето третина ниви необработени

Честите постапки за поделба на наследството придонесоа дел од обработливите ниви да стане меѓи и пристапни патишта и да не се користи за производство на земјоделски култури. Третина од нивите во Македонија се необработени, а голем дел од парцелите е мал и расцепкан, што според земјоделците е главната причина што земјата не се обработува. Според Државниот завод за статистика во Македонија (ДЗС), вкупната земјоделска површина изнесува 1.264.408 хектари, од кои обработлива површина се 513.564 хектари, ораници и бавчи се 415.004 хектари, овоштарници 15.856 хектари, лозја23.240 хектари, ливади 59.464 хектари и половина од земјиштето се пасишта 750.359 хектари. Според статистичките податоците на ДЗС, растителното производство во периодот од 2005 до 2015 година се карактеризира со намалување на површините под жита и култури и домати, а бројот на родните стебла на јаболка бележи мал пораст.

 

Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга”, Љупче Станковски, вели дека според податоците што ги дава Државниот завод за статистика, голем дел од обработливото земјоделско земјиште, околу  40 отсто не се обработува.

– На прв поглед изгледа застрашувачки, бидејќи од тие површини само дел е со подобар квалитет, додека другите се ситни и расцепкани парцели со низок квалитет, расфрлани околу некогаш живите македонски села. Поради судски постапки, стечаи или процеси на денационализација, мал дел од поквалитетните површини се уште не е даден на оглас објаснува Станковски.

Како што вели тој, она што последно било понудено во велешкиот регион, парцели до три хектари со многу слаб квалитет на земјата, не разбудиле никаков интерес кај граѓаните.

Земјоделците изразуваа само незадоволство дека парцелите се без можност за наводнување, со исклучително слаби приноси по хектар. Мораме да споменеме дека без оглед на која површина ние одгледуваме некоја земјоделска култура, и колкави се приносите по хектар кај нас, ние мораме да конкурираме со најдобрите одгледувачи во регионот или за некои производи и во светот. Се плашам дека со глобализацијата, процентот на необработено земјоделско земјиште ќе биде и зголемен како последица на нерентабилноста на самото домашно производство истакна Станковски.

Тој додава дека за промена на состојбата, потребна е добро осмислена стратегија. Како што смета, во наши услови треба да бидат претпочитани производи и култури што бараат многубројна работна рака и за кои нема некој софистициран метод за собирање, како што е берењето цреши или јагоди.

Секаде каде што се работи на софистициран и поевтин начин, a со тоа и максимално се заменува скапата работна рака, ние сме неконкурентни. Ако продолжиме да произведуваме земјоделски производи за кои нашето земјиште и поднебје не одговара и нуди мали приноси, а принудени сме со потпишување на договорот со Светската трговска организација да дозволуваме увоз со исти царински давачки од држави со многу поразвиено и попрофитабилно земјоделство, тогаш порано или подоцна сме осудени на пропаст. И поради тоа нашето земјоделско земјиште и понатаму ќе биде необработено, со опасност тој процент да се зголеми појаснува Станковски.

Претседателот на „Агрофаланга” додава дека за вистински ефикасно решавање на проблемот, потребно е градење стратегија за која решенија ќе понудат и претставниците од власта, невладиниот сектор, земјоделците и високообразовните институции, во спротивно агонијата со намалено обработување на земјоделското земјиште ќе продолжи.

Како што истакна Огнен Оровчанец, претседателот на агробизнис-заедницата на Сојуз на стопански комори и сопственик на компанијата „ Агроунија”, тие доставиле предлог до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите необработени земјоделски површини, кои се под судски спорови, под стечај, кои стојат како имотно нерасчистени предмети, да се дадат на користење на граѓаните од една или две години и да се обработува земјиштето.

He се раководевме од правниот аспект, туку сето ова го правиме за да добиеме повеќе плодни површини и да не стојат запуштени како досега, да имаме бенефиција од нив, така ќе се зголеми обемот на производство, и се надевам дека овој предлог ќе се усвои нагласува Оровчанец.

Тој нагласи дека ако се спроведе оваа мерка, наедно со тоа ќе се намали и увозот на одредени култури, како и намалување на административните пречки и поедноставување на процесите.

Земјоделците истакнуваат дека треба да се посвети внимание на групирањето на земјиштето, со што ќе има подобра искористеност на земјоделската механизација, како и намалување на трошоците на производство.

Тагови

Слични написи

9 Comments

  1. Hey! Do you know if they make any plugins to assist with
    Search Engine Optimization? I’m trying to get my blog to rank for some targeted
    keywords but I’m not seeing very good results. If you know of
    any please share. Thanks! You can read similar blog here: Sklep online

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close