fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Работниците во свињарската фарма се затруле од амонијак!?

Инспекторите се на терен, се комплетира целокупната документација

По големата трагедија во свињарската фарма во светиниколското село Амзабегово, каде што еден работник почина, а друг се наоѓа во тешка здравствена состојба по труење со хемиска материја, инспекциските служби сè уште вршат анализи и ја комплетираат документацијата. Во текот на вчерашниот ден, информации испратија и Државниот инспекторат за труд и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од трудовиот инспекторат информираа дека по вонредниот надзор на свињарската фарма во светиниколското село Амзабегово, каде што се случи несреќа во која почина едно лице, а друго е повредено било констатирано дека според првичните информации, починатиот работник бил без заштитна опрема кога ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Дека починатиот работник немал респираторна заштита утврдиле и инспекторите АХВ.

Целиот извештај од надзорот ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма на Инспекторатот ќе му биде предадена потребната документација. Засега нема детали за каква конкретно материја станува збор, но најверојатно се работи за амонијак, пишува „Вечер“.

На барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) и ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство извршил увид на свињарската фарма во село Амзибегово. Според надлежностите на Агенцијата за храна со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на животните – свињите кои се одгледуваат на фармата, односно, не е евидентирана смртност кај животните.

Телото на починатиот е дадено на обдукција, која треба да покаже од каква хемиска материја се затрул и починал. Неговиот колега се здобил со повреди по што итно е хоспитализиран на скопската Клиника за токсикологија, каде што од труењето е во тешка здравствена состојба.

СВР Штип го потврди случајот кој бил пријавен во понеделникот околу 11 часот.

-На самото место починал работникот О. Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С. Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, вели портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close