Со подготовката на земјиштето каде што се планира да се извршува расадување на расад за производство на пиперки треба да се почне уште во есен кое што вклучува длабоко орање на парцелите со длабина од 30-35цм. Препорачливо е повторното садење на пиперки на истата парцела да не се случи пред да изминат од 4-5 години. Но поради недостаток на квалитетни парцели и затоа што производството на пиперки е една од главните дејности на многу семејства за обезбедување на егзистенција од селото Бистрица обично се случува на иста парцела да се извршува садење на секои две години. Тоа обично се прави во комбинација со пченица т.е. на иста парцела едната година се садат пиперки додека наредната година пченица. За приносите да бидат што подобри и да се добие поквалитетен род пожелно е да се изврши прихранување на земјиштето со комбинирани ѓубрива кои во својот состав вклучуваат азот,фосфор и калиум.
Временскиот период кој е најпогоден за расадување на расадот е обично втората половина на Мај кога што температурата на воздухот и земјата е над 15 степени целзиусови и кога е исклучена опасноста од касни пролетни мразеви. Доколку садењето се случи порано поради ниската температура на земјиштето кореновиот систем многу послабо ќе се развива, а со тоа и развојот на целото растение, а доколку тоа се случи покасно растението пати од помала влажност и побавно ќе созрева.

Добар расад е тој што има висина од 15-20цм. Стеблото треба да биде набиено и еластично, со 6-8 развиени ливчиња, како и со добро развиено коренче и бочни коренчиња. На еден метар квадратен оптимално е да се засадат 7-8 стебленца. Садењето на расадот треба да се одвива во утринските или вечерните часови. Бидејќи е неопходно земјиштето да има доволна влажност, тоа треба да се прави после дожд или пак доколку е сушен период после наводнување. Садењето во атарот на селото Бистрица обично се одвива машински со универзална 3 или 4 редна садачка за пипер,тутун или пак домати. Растојанието помеѓу редовите треба да изнесува од 60-65 цм се со цел да може со трактор да се врши култивирање, прскање, прихранување со комбинирани ѓубрива и фрезирање на насадот. По потреба се превземаат и други агротехнички мерки со примена на инсектицид, бакарни средства и фунгицид.
Подготвил: Игор Петровски