вестиМакедонијаТоп вести

Расцепканоста на фармите го секнува производството на млеко

Причина за пад на млекопроизводството во Македонија е доминацијата на мали производители, околу 70 отсто се мали фармери со до пет крави, со мала продуктивност и ограничени можности за примена на современи практики и технолошко производство на млеко

Млекопроизводството со години се бори со слаба организација и константно намалување на интересот, наедно и со ниско годишно производство на млеко, како и сѐ поголем увоз. Основни предуслови за подобрување на состојбите се зголемување на домашната суровинска база, стратегиски пристап што ќе го опфати целиот синџир на производство од земја, храна, производство на сурово млеко, преработувачка индустрија. Упатените велат дека клучно е и зголемување на продуктивноста по грло, т.е фарма, менаџирање на фармите за да има сѐ помалку разбиени фарми и да се инвестира во модерно фармерско производство, како и вложување во едукација на млади стручни лица што долгорочно ќе ги достигнат европските стандарди.
Според мартовските податоци на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390 милиони литри што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2018 година. Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за четири отсто и кај козјото млеко за 26,2 отсто во однос на претходната година.

Доминираат малите производители

Од Стопанската комора на Македонија велат дека предизвиците за македонската млечна индустрија се структурни по својата природа, со континуираниот пад на сточниот фонд и на количествата сурово млеко што се нудат.
– Причина за пад на млекопроизводството во Македонија е доминацијата на мали производители, околу 70 отсто се мали фармери со до пет крави, со мала продуктивност и ограничени можности за примена на современи практики и технолошко производство на млеко. Само еден отсто од фармите имаат повеќе од 50 грла, а тие треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри) – објаснуваат од комората.
Оттаму додаваат дека големо влијание има и зависноста од купување скапа сточна храна, во услови на недостиг од сопствено земјиште за производство, како и ниската продуктивност по грло, што предизвикува високи трошоци на производство и висока цена на млекото, што ги поткопува профитабилноста на преработувачите и долгорочните перспективи за развој.
– Следејќи ја анализата за факторите што доведуваат до вакви состојби, се наметнува потребата од интервенции во примарното производство со воведување стандарди со кои се детерминираат основните услови на одгледување на добитокот, генерални правила за хигиена во примарното производство, како и ревидирање на започнувањето со спроведување на системот за плаќање на суровото млеко врз основа на квалитетот, донесен во февруари 2002 година – нагласуваат надлежните од СКМ, пишува Нова Македонија. Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

Слични написи

Back to top button
Close