fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нездравата исхрана и штетното земјоделство чинат 10 трилиони долари годишно

Убедливо најголем дел од овие трошоци, повеќе од 70 отсто на глобално ниво, се должи на нездравата исхрана, се вели во извештајот.

Таканаречените скриени трошоци на глобалните системи за храна изнесуваат околу 10 трилиони долари годишно, што е околу 10 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП), објави Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во новиот извештај.

Во Извештајот за состојбата на храната и земјоделството се наведува дека овие скриени трошоци главно се предизвикани од нездравата исхрана и земјоделството што ѝ штети на животната средина.

Организацијата со седиште во Рим објави дека овогодинешниот извештај „ја разгледува реалната цена на храната за одржливи земјоделско-прехранбени системи“.

„Извештајот го воведува концептот на скриени еколошки, здравствени и социјални трошоци и придобивки од земјоделско-прехранбените системи и го предлага следниов пристап – сметководство на фактички трошоци (TCA) – за нивно проценување“.

70 проценти од трошоците се резултат на нездрава храна
Убедливо најголем дел од овие трошоци, повеќе од 70 отсто на глобално ниво, се должи на нездравата исхрана, се вели во извештајот.

Постојаното зголемување на процентот на масти и шеќер, како и ултра-обработена храна, во исхраната на многу луѓе е огромен проблем.

Ваквиот начин на исхрана резултира со дебелина и следствено на други болести, што ги оптоварува здравствените системи и истовремено предизвикува загуби кога е во прашање продуктивноста на работата.

Друга причина за „реалната глобална економска цена“ на сегашните системи за храна е животната средина, истакнува ФАО.

За ова придонесуваат емисиите на стакленички гасови и таложењето на азот и неодржливата потрошувачка на вода.

Земјите со ниски приходи се особено погодени од овие здравствени, еколошки и социјални трошоци.

Со цел да се намалат толку високите трошоци и да се квантифицираат правилно, ФАО ги повикува политичарите и компаниите да вршат редовни анализи.

Владите, на пример, би можеле да користат даноци, субвенции и регулативи за да ги приспособат постоечките системи за храна, се вели во извештајот.

Ваквите потези ќе овозможат препознавање и пренасочување на „вистинската цена“ на храната, овозможувајќи им на системите за храна да се прилагодат на иднината.

Во 2024 година, ФАО сака да идентификува поконкретни начини за намалување на скриените трошоци.https://nezavisen.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close