fbpx
Вести

Задругарството пат до поквалитетно производство и повисоки цени

zadrugarstvoto pat do pokvalitetno proizvodstvo i povisoki ceni

Експертите сметаат дека постојат раздвижувања во оваа област, бидејќи државата нуди многу поволности за окрупнување и создавање на земјоделски задруги, но, на тие стопанства треба да им се даде шанса да развиваат и друга економија, односно не само да создаваат приход од аграрот, туку и да развиваат туризам, да прават ракотворби …

Придобивките од заедничкото делување се поголемо и поквалитетно производство, постигнување повисока цена и набавка на поевтини репроматеријали и механизација. Експертите сметаат дека постојат раздвижувања во оваа област, бидејќи државата нуди многу поволности за окрупнување и создавање на земјоделски задруги

Во Македонија речиси 80 проценти од земјоделското земјиште е приватно, а малите и расцепкани парцели создаваат повисоки трошоци за земјоделците. Просечната големина на индивидуалните земјоделски стопанства изнесува 3,2 хектари, а поседот за интензивно земјоделско производство изнесува само 1,5 хектари. Со тоа овие стопанства не се рентабилни на пазарот. Затоа експертите сметаат дека земјоделскиот производител со производство од 15 до 20 тони не може сам да конкурира на пазарот, особено не на европскиот.

Придобивките од заедничкото дејствување се поголемо и поквалитетно производство, постигнување повисока цена и набавка на поевтини репроматеријали и механизација.

– Освен непрофитабилното здружување како што се здруженијата, како многу голема потреба се јавува и економското здружување на земјоделските стопанства кое овозможува подобрување на пазарната положба на земјоделските производители, како најсилен инструмент за воведување на заеднички активности за складирање и маркетинг, финализација и дистрибуција, воведување на стандарди, вели Никола Стаменов, претседател на Федерација на фармери на Македонија.

Експертите сметаат дека постојат раздвижувања во оваа област, бидејќи државата нуди многу поволности за окрупнување и создавање на земјоделски задруги. Но, на тие стопанства треба да им се даде шанса да развиваат и друга економија, значи, не само да создаваат приход од аграрот, туку и да развиваат туризам, да прават ракотворби … Во Европа фармерите до 15 отсто своите приходи ги реализираат од самата фарма, а преостанатите приходи од други дејности.

За ефикасно спроведување на окрупнувањето на земјоделството во 2013 година донесен е Законот за земјоделските задруги кој е позитивен чекор кон подобра структурна организација на земјоделското производство и подобрување на положбата на земјоделските работници.

Од аспект на формирањето, стекнувањето правен субјективитет и членството нема големи разлики помеѓу земјоделските задруги и останатите видови на задруги кои се формираат на доброволна основа поради остварување на економски, социјални и културни интереси при вршењето на земјоделската дејност. Сите членови на задругата слободно пристапуваат и се еднакви помеѓу себе по принципот еден член – еден глас, додека пак земјоделската задруга може да отпочне со работа штом биде запишана во Регистарот на други прави лица.

Земјоделска задруга може да формираат најмалку 10 земјоделски стопанства. Секое засебно земјоделско стопанство може да членува во повеќе земјоделски задруги. Важно за напомена е дека едно земјоделско стопанство не смее да поседува повеќе од 30 отсто од производствените капацитети на задругата. Во зависност од бројот на членовите и производните капацитети на земјоделската задруга тие може да бидат од мал и голем обем. Задругата со најмалку 10, а најмногу 19 членови е мала, додека пак онаа со 20 и повеќе членови се смета за земјоделска задруга од голем обем.

Земјоделските задруги при своето формирање имаат право на финансиска поддршка од страна на државата врз основа на овој и законот за земјоделство и рурален развој. Финансиската поддршка за основање на земјоделските задруги е наменета за покривање на дел од трошоците за основање на земјоделска задруга, воспоставување на административни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, помош за организирање на информативни и промотивни активности и обуки на кадровскиот потенцијал и членовите на земјоделската задруга.

Финансиската поддршка може да се однесува и на исплата на плата за лице управител на земјоделска задруга. На земјоделските задруги од голем обем може да им се додели и за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата. Освен финансиска поддршка за основање, овој закон дозволува дополнителни финансиски средства и за покривање на дел од трошоците на земјоделската задруга за нејзиното функционирање.

Тагови

Слични написи

17 Comments

  1. Lorsque nous soupçonnons que notre femme ou notre mari a trahi le mariage, mais qu’il n’y a aucune preuve directe, ou que nous voulons nous inquiéter de la sécurité de nos enfants, surveiller leurs téléphones portables est également une bonne solution, vous permettant généralement d’obtenir des informations plus importantes..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close