„Тиквеш” го модернизира и го одвои винскиот бренд „александрија” во посебна линија, која покрај постојните црвена и бела „Александрија” е збогатена и со ново полусуво розе вино.
Инаку, новото вино „александрија розе” на реномираниот меѓународен вински натпревар „Citadelles du Vin” што се одржа во Бордо, Франција, освои златен медал, како и сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles” во Брисел, Белгија.