Демант на „Синпекс ДОО“-Битола- Машините се наменети за повеќе, претежно рурални општини во нашата држава и немаат  никаква допирна точка со термоелектраната РЕК-Битола

(Oвој напис е објавен на: May 14, 2019)

„Синпекс ДОО“-Битола ги демантира лажните пишувања во некои медиуми поврзани со термоелектраната РЕК-Битола и аргументирано тврди  дека машините споменати во текстовите  се донесени во „Синпекс ДОО“- Битола по јавно објавен и добиен тендер на Светска банка и Министерството за финансии на Р.С.Македонија.

Во демантот стои „Во врска со текстот со наслов „Душко млекарот: Се спрема скандал во РЕК Битола“, а во кој се споменува  фирмата „Синпекс ДОО“-Битола, одговорно тврдиме дека информациите  наведени во текстот од ваша страна се невистинити, непотврдени и лажни со цел да се наштети на угледот на нашата компанија.

„Синпекс ДОО“-Битола најостро реагира за неточните наводи изнесени во споменатиот  текст.

Аргументирано тврдиме дека машините споменати во текстот се донесени во „Синпекс ДОО“- Битола по јавно објавен и добиен тендер на Светска банка и Министерството за финансии на Р.С.Македонија. Тендерот беше објавен во јануари 2019 година.

Машините се наменети за повеќе, претежно рурални општини во нашата држава и немаат  никаква допирна точка со термоелектраната РЕК-Битола.

„Синпекс ДОО“-Битола им стои на располагање на медиумите, за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста.

Со изречените невистини и клевети изнесени во текстот ни се нанесува огромна штета на  угледот и работата на компанијата поради што бараме демантот да се објави во вашиот медиум за период од 48 часа, на истата страна и позиција како и спорниот текст и во исто време бараме јавно извинување од вашиот медиум“.

Синпекс  ДОО –Битола