вестиМакедонијаТоп вести

Преспа- средба на Градоначалникот на Ресе со производителите на јаболка

Почитувани производители
Во Петокот претставниците на Земјоделските задруги и членовите на работната група од јаболкопроизводителите имаа заеднички состанок.
На истиот се дискутираше околу пласманот на овогодинашниот род на јаболкото.
На стартот се презентираше производната цена која е добиена од институтот за овоштарство и по обемна дискусија заеднички став е дека производната цена е различна кај производителите но просечната цена е таа 11.2 денари по килограм на принос од 30.000 кг.
После дискусијата околу производната цена се разговараше доколку за да произведеме килограм јаболка имаме трошок од 11.2 денари која би била прифатлива најниска цена за продажба на истите.
Заклучокот е дека најниска продажна цена е цената од 15.00 денари.
Претставниците од Земјоделските задруги земаа обврска дека ќе направат напори во наредните денови да имаат контакти со повеке субјекти и да разговараат околу пласманот на јаболкото.
Во објавите видовте дека остваривме средба и со Градоначалникот Гошаревски на која се разговараше покрај другите прашања што ги засегаат производителите и околу продажбата. Заеднички став е дека треба да се ангажираме сите за да се избегнат не саканите појави од претходните години.
За наредните активности ќе ве информираме.

Истиот ден, Менде Ивановски, оствари средба со претставници на земјоделските задруги, и со претставникот на работната група на јаболкопроизводители.
Градоначалникот, изјави дека дава целосна поддршка на ставот околу минимална продажна цена на јаболкото, договорена од страна на задругите на јаболкопроизводители.
Заеднички е констатиран успехот што беше постигнат оваа сезона во заштитата од град, со авионското засејување на облаците.
Разговарано е околу предизвиците со кои се соочуваат пред почетокот на овогодишната берба , како и насоки на делување на Општината и институциите во интерес на овоштарите.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close