fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Рестрикции на водата за наводнување од брана Водоча најавувааат  од подружницата на водостопанство во Струмица

Од Струмичко поле  како главен фактор за ваквата состојба ги наведуваат малото сливно подрачје и долгиот период без поголеми врнежи.

Во хидроакумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување, но заради помалото ниво единствено од акумулацијата „Водоча“ е воведена рестрикција за наводнувањето, односно само два пати во неделата ќе се пушта вода до посевите.

Според последните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се половина полни.

-Во „Турија“ имаме 31 милиони кубни метри вода од вкупно 50, а во „Водоча“ има 11 милиони од вкупен капацитет од 26 милиони кубни метри вода. Размислуваме да го запреме и наводнувањето од помалата акумулација „Иловчанка“ за посевите од регинот на Општина Босилово, бидејќи нејзина примарна цел е да служи за водоснабдување на жителите од седум населени места, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.

Додава дека двете помали акумулации „Маркова река“ и „Новоселка“ се полни и и од нив водата може да се користи за наводнување.

Според Ѓоргиев, со вкупните количини вода, посебно во браната „Турија“, не е доведено во прашање редовното снабдување на градот со вода, но сепак апелира на рационално трошење и водата да не се употребува за полевање.

И од струмичкото комунално претпријатие апелираат до граѓаните заради високите температури водата за пиење да се користи рационално и да се избегнува полевање на дворови и миење на површини.

Инаку, во струмичко од акумулаците се наводнуваат површини од околу 2 илјади хектари. 

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close