Режење на цреша

Во современото производство на цреши, режењето е неопходно, особено ако дрвцата се калемени на слабо богати подлоги или растат во густа околина. Црешата формира круна, има тенденција да формира пирамидална круна, и има изразена апикална доминација. Режењето придонесува редовно обновување на гранките, гранчињата и внатрешниот потенцијал за рожба, и го намалува оголувањето.


Зимското режење на црешите треба да ја регулира висината на круната, а воглавно се состои од кратење на гранките и чистење на вишокот од гранките.
Интензитетот на режењето треба да се усогласи со вегетативниот раст на овошјето. Под оптимален раст се смета кога долшината на гранките е 30-40цм. Стеблата чии ранки се пократки од оптималната должина треба повеќе да се исрежат, со што се поттикнува нивниот раст. Кога правиме поголеми пресеци на гранките, треба да ги премачкаме со восок или други заштитни средства.

Црежата се одликува со поразгранети гранки од вишната, а има и поизразена апикална доминација. Образува округли , густи круни, со поголем број на долги и кратки гранки. Појавата на оголени гранки треба да се регулира, и да се намали со режењето. Зимското режење се состои од со отсранување на прегустите крошни од гранки и одстраување на оштетените и суви гранки.

Висината на стеблото на црешата, накалемена на дива цреша, е 5 до 6 метри во, што може да предизвика проблеми во текот на производството (отежната е бербата, неизедначено е созревањето на плодовите, се јавува соголување на внатрешноста на црешата и др.)
Реконструкцијата на круната или намалување на висината до 3 или 3,5 метри, ги подобрува овие недостатоци.

Скратувањето на гранките во крошната се прави два пати (на крајот од зимата или во текот на месец јуни :пред, за време или после бербата).

Share Button