Ристова: Во следните денови започнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства
Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе започне штом законските измени се објават во Службен весник.
Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ
По четири месеци одолговлекување и инаетење на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно притисната од јавните критики за нивното неодговорно однесување учествуваше во гласањето на овие измени.
Со измените на Законот им се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунопроизводителите кои не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш да ги добијат субвенциите кои им следуваат.
Важно е да се истакне и дека со измените на Законот се зголемува поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото.
Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош кои ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.
Со усвоените измени се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.
Веќе во следните денови започнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства во вкупен износ од една милјарда и 300 милиони денари односно над 21 милион евра.
Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе започне штом законските измени се објават во Службен весник.
Почитувани,
Кога светот се соочува со недостаток на храна и важни земјоделски производи, ние како парламентарно мнозинство преземаме се за да поттикнеме зголемување на домашното производство на храна и земјоделски производи.
Како одговорна пратеничка група остануваме посветени на реализација на мерки што обезбедуваат помош за земјоделците и граѓаните за што полесно и побезболно справување со последиците од светската економска и енергетска криза.