Русија очекува поголеми приноси на пченица, а Романија има проблеми заради дождовите
За две недели се очекува да почне жетвата во Русија, додека Романија се соочува со обилни дождови
Наскоро ќе почне жетвата на пченицата, а најголемиот светски извозник ја подигна границата во однос на приносите. Имено, руското Министерство за земјоделство минатата недела ги зголеми проектираните приноси на 75 милиони тони, што е зголемување за околу 2 милиони тони од првите проценети вредности.
Русија, која првенствено се натпреварува со Европската унија и Украина околу снабдувањето на пазарите во Африка и Блискиот исток, очекува жетвата да започне во следните две недели. Под нејзиниот притисок и пониските светски референтни вредности, цените на извозот на пченицата паднаа минатата недела, пренесува world-grain.
Обилните дождови ја спречуваат жетвата во Романија
Силните дождови што ја зафатија Романија минатата недела, предизвикаа голема штета на земјоделството. Во западниот и југозападниот дел на земјата падна дожд помеѓу 80-125 мм, пишува UkrAgroConsult.
Ова неповолно време има негативен ефект врз земјоделските култури, особено на посевите кои се подготвени за жетва, а според многу земјоделци, дождот што паѓа го спречува дејството на пестицидите и помага во создавањето и ширење на болести. За жал и во наредната недела се очекуваат обилни дождови што пак ќе ја одложи жетвата на посевите.
Црноморскиот јачмен под закана од Австралија
Иако се сметаше дека слабеењето на конкуренцијата меѓу Франција и Германија на почетокот на сезоната ќе им овозможи на земјите како Украина, Русија и Романија подобро да го пласираат јачмен на арапскиот пазар, Австралија се појави како нова закана.
Имено, по загубата на кинескиот пазар, таа земја ќе мора да бара некои нови пазари, а со оглед на извозниот потенцијал од еден милион тони, тоа нема да претставува проблем за тоа, особено ако ја намали цената, пишува UkrAgroConsult.
Извор: Агроклуб