fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од 16 август без настани и прослави во затворено, влез во објект за над 30 лица само со потврда за имунизација

Владата  донесе повеќе одлуки чија цел е спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19. 

Владата  донесе повеќе одлуки чија цел е спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19.

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки:

– До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

– За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

– Од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

– Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

– Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

– Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close