fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Садење на овошни садници

Садниците од јаболка можат да се садат од есен до пролет под услов температурите да се над 0°С и земјиштето да не е замрзнато . Сепак предност треба да има есенското садење. Садниците посадени одма после вадењето од растило во есен имаат одличен прием. Ваквите садници во текот на есента, зимата и раната пролет полека формираат нови жили, а раните на кореновиот систем зараснуваат. Во пролет овие садници нормално потеруваат, ефикасно ги користат пролетните дождови, така да добиваат одлично обраснување на коренот, добро развиени леторасти на кои другата година може да се очекува и род. Во случај есента да е сува после садењето садниците треба да се наводнуваат.  Садењето во пролет не се препорачува пред се заради зголемените трошоци за нега. Во колку се сади во пролет обично е потребно после садењето и 2-3 наводнувања во текот на вегетацијата.  Покрај ова приемот може да биде нешто полош отколку при есенското садење, а пополнувањето на празните места може да се врши дури на есен. Пролетното садење во поволни временски услови може да даде релативно добри резултати, но по правило тоа секогаш заостанува во однос на есенското.

Техника на садење

Техниката на садењ на овошките ја опфаќа подготовката за садење и самото садење. Всушност садењето е многу едноставна работа, меѓутоа од квалитетот на извршувањето на работите, во голема мера зависи приемот и успехот на садењето во целост…Целиот текс може да се прочита на следниот линк

извор: АПРЗ

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close