fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Петок е неработен ден – Ќе се слави Водици

Објавена е листата на сите празници во 2024

Следува уште еден продолжен викенд за православните верници, со оглед дека петок 19 јануари Водици е неработен ден.

Министерството за друд и социјално ја објави програмата на неработни денови за 2024 година:

Согласно со Законот за празниците во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ
• 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 01 мај (среда), Ден на трудот
• 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (петок), Ден на Републиката,
• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
• 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
• 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close