Вести
,, Само во Македонија,, Гостиварски ,, Старбакс,, отвори подружница во село Здуње
Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на организирање на подружница во кафетериа ТП „Старбакс“ донесе решение со кое се одобрува пријава за отварање за подружница во гостиварското село Здуње.
Ова не е прв пат имиња на мултинационални компании каква што е „Старбакс“ да се користат од претприемачи во Македонија и покрај ризикот од можна тужба за авторски права, но отварањето на подружница во селото Здуње е навистина „симпатичен“ потег.
еМагазин