fbpx
Вести

САНАЦИЈА НА ШТЕТИ: Ќе се обештетат земјоделците чии површини ги поплави во тетовскиот регион

steti

Ќе се обештетуваат земјоделците чии овошни и градинарски насади и житни култури беа погодени од поплавите во тетовскиот регион пред три дена.

Оваа одлука вчера вечерта ја донесе Владата која одлучи со брза интервенција да им се помогне на засегнатите од последиците од временските неприлики.

Одлучено е брзо да се интервенира на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај Порој кој е нопходен и каде што има нанос од песок и земја од околу 70.000 метри кубни а Владата препорача во расчистување на наносот да помогне и АРМ бидејќи патот е фрекфентен и потребен им е на  жителите од овој регион

МЗШВ пак ќе започне со постапка на прибирање барања од земјоделците за надомест на штети, по што надлежни комисии ќе излезат на терен за увид на штетите и висината на средствата потребна за нивно обештетување.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close