fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

САНО – Фаза на доење 2 дена после прасење, до одбивање

                   

Во периодот на доење во преден план е намалување на губењето на млеко и слабеењето. Затоа мора да се зема колку што е можно повеќе храна со најдобар квалитет. Постарите млечни маторици мораат да добиваат најмалку 6 кг, а младите најмалку 5 кг смеса на ден.

Хранењето за маторици треба да  исполни посебни услови:

  • смесата мора да содржи што е можно помалку протеини, само онолку колку што е потребно (околу 16%) бидејќи вишокот протеини ги оптеретува и го намалува приносот на млеко.
  • смесата мора да содржи кисели сулфурни состојки со цел да се зачува сулфурот содржан во аминокиселините метионин и пурин, кои го стимулираат приносот на млеко од маториците.
  • содржината на влакна мора да биде 4-4, 5% за цревата правилно да работат.
  • смесата мора да содржи соодветна комбинација на витамини и елементи.
  • обрнете внимание на најдобрата можна хигиена на храната.
  • внесувањето храна може да се зголеми со повеќе оброци (3-4 пати на ден)

Која е исхраната за доилки?

За да се намали загубата на телесна тежина и последователните проблеми со плодноста, на маториците им треба дополнително 1.5 кг добиточна храна за секое прасе што се храни со 0,5 кг добиточна храна, на пр. во легло од 12 прасиња вкупно 7,5 кг на ден.

Совети и препораки

  • по прасењето, треба постепено да ја зголемувате количината на храна за маториците.
  • исто така, треба да ја проверите содржината на сирови влакна во оброците за доилки .
  • чувајте ја температурата на оптимална од 18 ° С до 20 ° С
  • избегнувајте промаја, температурни разлики и прашина.
  • организирајте програма за имунизација со вашиот ветеринар.
  • за подобрување на хигиената на шталата, посипувајте 50g на SanoSan на м2 во прасилиштето.

Карактеристики на производот Sauengold Lac

  • AromiSan за подобро консумирање на храна и подобрување на апетитот.
  • избалансирана комбинација на аминокиселини, метионин / цистин и треонин со цел да се избегне вишок протеини и да се зголеми производството на млеко.
  • додавањето на сулфур го зачувува сулфурот содржан во аминокиселините метионин и цистин и го стимулира производството на млеко.
  • високо-сварливи минерални компоненти, како што се монокалциум фосфат.

Примена на  Sauengold Lac– се дава на маториците во количина од 3,5% од дневниот оброк.

Делување  на Sauengold Lac –  подобра потрошувачка на храна,  го поттикнува производството на млеко,  ги зајакнува нозете и  зглобовите,  го поттикнува растот на прасињата,  го подобрува здравјето и виталноста на маториците и прасињата.

  • висок принос на млеко, здрави, витални прасиња,  поголема тежина на прасиња при одвикнување,  повеќе одбиени прасиња по маторица годишно,  добра плодност, подолг животен век на производство.

Карактеристики на производот Protamino Matra

  • оптимална комбинација на аминокиселини, лизини, метионин и треонин со цел да се избегне вишок на протеини.
  • 600 мг витамин Е за стимулирање на плодноста.
  • високо употребливи минерални состојки со низок степен на желудочни киселини
  • SanArom ја прави храната повкусна и го стимулира апетитот.

Примена на Protamino Matra – се дава на маториците до 20% од дневниот оброк.

Делување на  Protamino Matra – производство на здрави, отпорни маторици,  висока продуктивност на маторици со долг животен век ,  ја поттикнува оптималната функција на јајниците ,  висока плодност и родност, стабилни нозе и цврсти копита.

Препорачана смеса за маторици кои дојат со Sauengold Lac и Protamino Matra

Соини зрнца 16,5 18,5 14,5
Јачмен 25 28 50 50 25 30
Пченица/ тритикале 25 32 32 25
Пченка 25 50 25 50
Пченични трици 5 6
Sauengold Lac 3,5 3,5 3,5
Protamino Matra 18 19 20

 

+ 5- 10 кг/на тон  Sanocid + 5 кг/ на тон Fertisan.

 

Александар Христовски

Дипл. Инж. Агроном

 

 

Слични написи

Back to top button
Close