fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ контра Цветан Трипуновски, велат дека со фалсификати ја манипулира јавноста

„договорите со кои мавта Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се фалсификат“.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со дезинформации и невистини во врска со наводно склучени договори на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп на земјиште. Наместо опозицијата да се занимава со блокирање на помошта за земјоделците, треба детаљно да ги провери изворот и владиноста на она што го презентира како наводна афера“, реагираат од владејачкиот СДСМ на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека „договорите со кои мавта Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се фалсификат“.

„Не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се во согласност со пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и тие се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на Министерството, а кај нив е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот ниту, пак, е употребен факсимил за нивно потпишување. Уште во октомври 2021 година поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето – фалсификување службена исправа“, велат од партијата.

Од СДСМ посочуваат дека „службите на Министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето лажни договори за закуп и навремено се известуваат надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување соодветни постапки“.

Бараат „ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените лаги и невистини до министерот Љупчо Николовски, до земјоделците и до целата јавност“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close