Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Координативна средба за спречување на ширењето на сипаниците кај овците
Во просториите на Националниот парк „Шар Планина“ се одржа координативна средба со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци, сточари од територијата на Националниот парк „Шар Планина“, претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници на Граничната полиција од Попова Шапка, Маздрача и Рогачево.

Во фокусот на средбата беше состојбата во врска со појавата и ширењето на сипаниците кај овците, како и мерките и активностите што треба да се преземат за спречување и контрола на понатамошното ширење на ова заболување.
На средбата се разговараше за превентивните и ветеринарните мерки, контролата на движењето на добитокот, навременото информирање на сточарите, како и за значењето на навременото пријавување на сомнителните случаи до надлежните институции.
Особено беше истакната потребата од континуирана соработка и координација меѓу надлежните институции, сточарите и теренските структури, со цел поефикасно спроведување на превентивните мерки и намалување на ризикот од понатамошно ширење на заболувањето.