
Градинарите бараат да се доисплатат субвенциите за пиперката предадена во преработувачки капацитети за 2024 година
Земјоделците се жалат дека само дел зеле од субвенциите за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети
Производителите на пиперки си ги бараат субвенциите за родот предаден во прераборувачки капацитети за 2024 година.
Земјоделците велат дека само дел од земјоделците зеле субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, дел од субвенциите останале недоисплатени.
Земјоделци за „Зелена берза“ велат дека само една третина од субвенциите се исплатени.
Значи иако сме во ек на берба на пиперката од реколтата 2025, се уште не зеле ни денар за ланската година.
На 8 август министерот Цветан Трипуновски беше во струмичко да изврши увид во текот и откупот на пиперката од новата реколта.
Трипуновски потенцираше дека исплатени се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци по подмерката 1.7 по 3 денари по килограм за сите градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.
Трипуновски најави дека во Програмата за 2025 година има зголемување на субвенцијата по килограм предадена пиперка, од 3 денари на 4 денари за периодот август – октомври. И за останатиот период од 5 на 6 денари по килограм.