fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се чека владина одлука да се замрзнат и цените на тестенините и млечните производи

Бектеши договара и зејтинот да поевтини

Се уште е неизвесно, дали денеска на владина седница ќе се даде предлог за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи опфатени со одлуката за ограничена маржа. Долку се случи тоа, како кај лебот, би се замрзнале цените на трајното крајво млеко, шпагетите и макароните. Претходно, владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб, на 33 денари. Увозниците на тестенини велат дека не е во ред владата да се меша во работата на стопанствениците.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека владата до крајот на неделата ќе донесе одлука за намалување на цената на тестенините за 10 отсто.  Во гостување на 24 Анализа, им порача на трговците да се охрабрат и да ги симнат цените и под долната граница која ќе ја одреди Владата.

Ресорниот министер информираше и дека Владата разговара со трите производители на масло за јадење во земјава, за намалување на цената на овој производ и нагласи дека со нив постигнат е договор. Трите производители најавиле дека ќе имаат цени пониски од 100 денари за литар. Тој додаде дека при крај е анализата за млечните производи и дали ќе има замрзнување на цените во овој дел. Бектеши им порача на млекарите самоиницијативно да ги спуштат цените пред владата да донесе таква одлука.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close