fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се чисти трасата од мини за новиот автопат низ Пелагонија

Делот каде што треба да се прошири патот за да биде автопат е исполнет со ниви, меѓи, канали и дрвја, а на повеќе позиции се приклучуваат и земјени селски патишта.

Возачите што секојдневно го користат магистралниот пат Прилеп – Битола се жалат дека е многу тешко да се вози по него. По целата должина, коловозот е брановиден и им прави непријатност при управувањето со воланот. Во тоа се уверија и групата новинари што минатиот четврток беа во разгледување на двата рудника на РЕК „Битола“.

Делот каде што треба да се прошири патот за да биде автопат е исполнет со ниви, меѓи, канали и дрвја, а на повеќе позиции се приклучуваат и земјени селски патишта. Стариот пат е понизок од сегашниот пат Битола – Прилеп, по кој се одвива сообраќајот.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, вели дека во однос на предизвиците за автопатиштата на коридорите 8 и 10, без разлика што беа помпезно најавувани, речиси и ништо да не се работело.

–  Има бројни проблеми со експропријацијата, проблеми со шумски предели што се наоѓаат на трасата, има проблеми на делот од Прилеп до Битола со нерасчистени мини и бомби од Првата светска војна. Можам да ви кажам, со тоа темпо со кое претходно работела Армијата, до 2026 година немаше да бидат исчистени бомбите и мините на трасата. Ние го забрзуваме тоа и очекуваме до крајот на годинава и таа работа да биде завршена. Исто така, има бројни проблеми со дислокацијата на водови и на објекти, но, во соработка со изведувачите, и овие ги решаваме и очекувам да ја видите првата реална работа до крајот на овој месец. Ќе почнеме со Прилеп–Битола, со конкретни активности на терен, – рече Николовски, пренесува Вечер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close