fbpx
Вести

Спас на овошните насади од измрзнување со создавање вештачки магли

Високите температури невообичаени за овој период од годината, предизвикаа дел од овошните насади предвреме да расветат. Со вакви температури  агроекспертите очекуваа веке од идната недела да се појават и првите плодови кај насадите со кајсија, бадеми, праски и сливи иако календарски сеуште сме зима.

spas na ovoshnite nasadi od izmrznuvanje so sozdavanje veshtachki magli

 

Имајки во предвид дека не се исклучуваат ниските темпаратури во март можно е да дојде до мрзнење на целиот род.
Создавање вештачки магли со инсталиран систем за воздушни прскање да се применува  доколку паднаат температурите под нула, тврди професорката од земјоделски  на штипскиот универзитет Виолета  Димовска. Според неа друго решение нема доколку сакаме оваа пролет да има овошје.
Синоптичарите информираат дека во март се очекува променливо време и во одреден период пад на температурите што ке значи и можно измрзнување на овошните насади.
Минатата година токму поради измрзнување дел од овоштарите немаа род и претрпеа огромни штети, пред  се производителите на кајсии
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close