fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се намалуваат цените на горивата од полноќ

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л. Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 28.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,834 %, кај дизелот 3,930 %, кај екстра-лесното масло 0,58 % и кај мазутот намалувањето е 0,63 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,193 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,362 денари/кг и сега ќе изнесува 41,075 денар/кг.

Од 3.5.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 69,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,075 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 3.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close