fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Се намалуваат површините под пченица во Пелагонија

Трипуновски денеска во работна посета на општина Битола.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

-Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80 000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70 000 ха, што значи 10 000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306 000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224 000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на Државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close