fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се ограничува трговската маржа за електрична енергија, а во меѓувреме поскапе минималната потрошувачка кошничка

Последните податоци од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8  отсто инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари.

Министерот Крешник бектеши објави дека е даден предлог од Министерството за економија  до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија.

– Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар, рече Бектеши.

Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт.

ПОСКАПЕ ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави колку изнесувала минималната кошничка во август. Велат дека животните трошоци се прескапи.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави колку изнесувала минималната кошничка во август. Велат дека животните трошоци се прескапи.
Последните податоци од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8  отсто инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари. 

Во пресметката не е ставен трошокот за еден ученик за набавка на потребните материјали за почетокот на учебната година кои според пресметките на ССМ изнесуваат околу дополнителни 6.000 денари. 

„Додека Владата гледа розов свет околу себе и се занимава со прослави, сиромаштијата тропа на вратата на работниците и граѓаните во Македонија. Според податоците, само за храна и пијалоци во која се вклучени 63 производи, кои не ги изразуваат целосните потреби за исхрана, туку ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната, а вредноста на истите не се зема како просечна, туку како минимална вредност, биле потребни 18.324 денари или за 324 денари повеќе од минималната плата. Домувањето има две подгрупи: комунални трошоци, со пет елементи, и покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра и за овозможување на истото биле потребни 12.493 денари. Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени и за истото биле потребни 2.808 денари“, соопшти ССМ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close