fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Преспа со најуспешна туристика сезона, останува проблем сместувањето

Преспа има една од најуспешните туристички сезони во последните пет-шест години, но потребни се повеќе сместувачки капацитети, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Преспа има една од најуспешните туристички сезони во последните пет-шест години, но потребни се повеќе сместувачки капацитети, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Плажите се полни, а максимално се исполнети и сместувачките капацитети, кои и онака се во мал број.

– Сооглед на тоа што минатата година голем број од иселениците не беа вратени, годинава поголем дел се во родниот крај. Преспа го доживува својот максимум. Плажите Претор, Сливница, Долно Дупени, Стење, Крани… се полни. Сместувачките капацитети се максимално се исполнети до крајот на август, а не изостануваат и дневните туристи од Битола и Прилеп, изјави Гошаревски.

За големата посетеност, меѓу другото, смета дека придонеле и културните манифестации организирани на крајбрежјето од почетокот на летото.

– Почнавме со „Чиста Преспа – моја Преспа “, проект со кој се чистеше крајбрежјето, потоа следуваа „Запознај ја Преспа”, „Преспа Ленд”…, продолжуваме и во септември доколку дозволат мерките со традиционалниот Преспански јаболкобер, додаде градоначалникот.

Најголем проблем во турситичка Преспа се сместувачките капацитети. Во моментот има скоро 1.000 легла од кои 194 се хотелско сместување, 262 кај физички лица, 400 во ато-кампот Крани и 100 легла манастирско сместување во Сливница и Брајчино.

– Има приватни објекти, кои од разни причини останале на забот на времето, а сопствениците не се заинтересирани да ги реновираат и да ги стават во функција. Бараме начини да се мотивираат да ги реконструираат или да ги продадат на некој што ќе инвестира во нив, истакна Гошаревски.

Заинтересирани инвеститори, нагласи дека има, но урбанизацијата на некои места во Преспа не дозволува изградба на нови сместувачки капацитети, што, според градоначалникот е дополнителен проблем.

Со асвалтирањето на патот преку Галичица, што го повзува Отешево со Охрид, очекува дополнителен развој на алтернативниот туризам, а како голема придобивка во туристичка Преспа ќе биде и меѓуграничниот проект со Грција „Светите води”, кој ги поврзува четирите манастири „Свети Петар и Павле” во селото Подмочани, „Свети Илија” во Грнчари, „Свети Ѓорѓи” во Курбиново и „Света Богородица” во Сливница

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close