fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ЈП Стрежево ја намали цената на пастрмката

Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме, ЈП “Стрежево” – Битола ја намали цената на пастрмката, одгледувана во сопствените рибници.
„Суштински дел на одговорот на Ковид 19 е осигурување на пристапот до домашни производи – безбедна, хранлива и здрава храна.
Со оваа интервенција на цените сметаме дека ќе дадеме придонес за намалување на отежнатиот пристап до храна како последица на ограничувањата што се наметнаа поради пандемијата” – изјави директорот Методија Граматковски.
Претпријатието и во иднина ќе продолжи да ја надградува методологијата за цените како рационална мерка, со најразлични интервенции, а со цел реално следење на целокупната состојба во интерес на граѓаните.
Купувајте македонски производи.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close