fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сè повеќе расипани производи во маркетите поради намаленото ладење на фрижидерите

Се намалува ладењето во фрижидерите, а навечер се исклучуваат од струја.

Маркетите штедат струја, а граѓаните купуваат расипани производи. Наместо смрзнати, купуваат полусмрзнати производи, наместо ладни топли пијалаци… Од Организација на потрошувачи велат дека се поголем е бројот на преставки од граѓани кои се жалат на расипани производи, а замрзнатите производи кои ги купиле, го немаат потребниот квалитет. Причината како што велат од ОПМ е што во маркетите е прекинат ладниот ланец на чување на производите на одредена температура, се намалува ладењето во фрижидерите, а навечер се исклучуваат од струја.

Преставки веќе има, а инспекторите треба да излезат на терен и да утврдат дали ова е начин за трговците ги намалат сметките за струја, посочуваат од Организацијата на потрошувачи.

-Најмногу претставки имаме за млечни, сувомеснати производи и други лесно расипливи производи кои имаат одредени стандарди на пакување, транспорт и чување на производите. Причината е поради тоа што во маркетите за да заштедат струја го прекинуваат ладниот ланец на чување на производите на одредена температура. Во некои маркети го намалуваат ладењето на фрижидерите, а некои целосно ги исклучуваат од струја. Со самото прекинување на ладниот ланец потрошувачот се доведува во ситуација да купи расипан производ кој може да му предизвика здравствени проблеми, вели за ВЕЧЕР, Мартина Грнчаревска, од ОПМ.

Од Организацијата, како што вели Грнчаревска на средбите во Советот за заштита на потрошувачи во Влада досега повеќе пати укажале на потребата да се засили надзорот на инспекциските органи во овој дел.

Таа додава дека најголем дел од потрошувачите се жалат дека млечните производи се со мувла имаат покисел вкус, сувомесните производи го немаат потребниот квалитет односно вкусот не им е ист како претходно.

И претседателката Маријана Лончар Велкова неодамна укажа на тоа дека луѓето реагираат им праќаат слики од расипани производи. Според неа, потребно е да се засили инспекцискиот надзор, инспекторите да бидат на терен и рано сабајле да видат дали ладилниците се вклучени или не. Бидејќи може навечер или во текот на денот да ги исклучуваат, вели таа.

Познавачите велат дека откако еднаш ќе биде одмрзнато, месото не смее повторно да се замрзнува и да се става во промет. Тоа е опасно по здравјето. Според правилникот за квалитет на месо сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначено земјата, потеклото и рокот на траење, нето тежината и условите на складирање.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close