fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се повеќе запуштени ниви во струмичко оти нема млади да работат

ВИДЕО! Се претпоставува дека една четвртина од струмичкото поле во приватна сопственост стои необработено

Иселувањето на младите последниве години предизвика голем број парцели со квалитетно земјоделско земјиште да останат запуштени.

Во отсуство на официјални статистички бројки се претпоставува дека една четвртина од струмичкото поле во приватна сопственост стои необработено, а на кое може да се произведува храна. Во пресрет на прoлетната сеидба цели парцели се обраснати со трева и грмушки, пренесува https://www.24.mk/details/se-povekje-zapushteni-nivi-vo-strumichko-oti-nema-mladi-da-rabotat.

Дека добар дел од струмичкото поле не се обработува ќе потврдат и жители кои се во поодминати години и се помалку ги има по нивите. Миле Јанев чии синови се во Белгија и Германија вели дека обработува само половина декар лозје, бидејќи со сопругата не можат да работат.

Несигурниот пласман со години и нерентабилното производство се двете главни причини заради кои добар дел од младите со бугарски пасоши се иселија изминативе две децении, па во дел од струмичктие села се повеќе возрасни и пензионери а нивите обраснати со треви и грмушки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close