Се преземаат мерки за контрола и заштита од африканска чума кај свињите во Делчевско
Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот, информираа од Општина Делчево.
По откривањето на првите сличаи на aфриканска свинска чума чиј вирус е пронајден во одгледувалиште во делчевското село Драмче, од денеска почнува депопулација на свињите во заштитната зона во радиус од 3 километри околу потврдените жаришта на две одгледувалишта во с. Драмче, вклучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, како една од мерките кои ќе се преземат во однос на контрола и заштита од болеста афиканска чума кај свињите.
Ова е главниот заклучок по одржаниот координативен состанок одржан во Општина Делчево, на кој присуствуваа претставници од Агенцијата за храна и ветерина, ветеринарни станици и инспектори од Делчево, Берово, Виница и Кочани, претставници од МЗШВ, од ЦУК Делчево, како и претставници од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница”.
На состанокот како што информираа од Општина Делчево беа формирани тимови кои ќе ги следат насоките од Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста африканска чума кај свињите во кои спаѓа и задолжително почитување на биосигурносни мерки и забрана за чување свињи на отворено.
-Согласно со овие насоки, во втората зона, односно зоната под надзор во радиус од 10 километри околу потврдените жаришта што ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Македонска Каменица, Селник, Косевица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово, ќе се врши контрола на сите одгледувалишта, а се забранува и движење на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот, информираа од Општина Делчево.
Во акцијата за контрола и превенција од болеста африканска чума како што додадоа со логистичка поддршка и потребните ресурси се вклучува и Општина Делчево, а директно се вклучуваат и екипи и механизација од ЈКП „Брегалница”.
По откривањето на првите случаи на Африканска свинска чума во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините: Берово, Делчево, Виница, Зрновци, Карбинци, Кочани, М. Каменица, Пехчево, пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип целосно се забранува ловот, а на целата територија на Република Макеоднија ќе биде спроведен вонреден попис на свињите и клинички прегледи најдоцна до 31.01.2022 година.
Првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина е откриен на 6 јануари 2022 година, при што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) констатираше угинати 14 свињи, а во одгледувалиштата, каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.