Заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени субвенциите за тутунарите и сточарите, обвинува Николовски
НИКОЛОВСКИ-20.000 тутунари, 10.000 сточари ги чекаат субвенциите за кои Владата има обезбедено средства, но заради блокади од опозицијата во Собранието не можат да бидат исплатени.
-Подготвивме и донесовме Национален план за производство на храна, исполнувајќи уште едно ветување дадено пред граѓаните. Обезбедивме Интервентен фонд вреден 400 милиони денари поддршка за земјоделците, а со ребалансот на Буџетот очекувам да биде зголемен на 900 милиони денари до крајот на годината. Со овие програми земјоделците добиваат 40 отсто дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2500 денари по хектар за сончоглед и јачмен.
Националниот план содржи мерки за секој земјоделец, преку мерки за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, мерки за сточартвото, за живинарарвото, мерки за одгледувачите на свињи, мерки со кои во овие крозни моменти помагаме секој земјоделец полесно да ја помине кризата.
Целта ни е да го зголемиме домашното производство, и на долг рок да бидеме увозно независни за стратешките култури, како што е примерот со јачменот, рече министерот.