fbpx
ВестиТоп вести

Шеготека со „Без навреда“

 

 Диета

Еден маж му раскажува на пријателот:

-Жена ми веќе три недели е на диета.

Пријателот го прашува: -И? Колку изгуби?

-Две недели, одговорил мажот.

 

Се’ си делиме

Брачен пар влегува во ресторан и нарачува еден хамбургер и порција помфрит. Возачот на камион со жал го гледал парот како дели оброк и посакал на жената да и купи уште нешто за јадење.

-Не благодарам, одбил сопругот и објаснил дека се’ си дели со жена си. По некоја минута возачот повторно и понудил на жената да и купи нешто за јадење затоа што таа не зела ниту едно залче. Сопругот повторно го одбил со зборовите -Ние сe’ си делиме.

-А добро зошто тогаш вие ништо не јадете – ја прашал возачот жената. –

Чекам да ми ја даде вилицата – одговорила жената нервозно.

 

Дрва

Индијанците дошле кај поглаварот и го прашуваат дали ги чека студена зима. Бидејќи поглаварот никогаш не ја научил тајната на умешноста на своите претходници, им наредил на поданиците да соберат дрва за оган и да се јават во Метеоролошката служба за да се распрашаат за студот.

-Ќе биде многу ладно, му одговорил метеорологот. Поглаварот се вратил кај поданиците и им наредил да соберат уште дрва. Една недела подоцна се јавува кај метеорологот и прашува: Дали сте сигурни дека зимата ќе биде толку многу студена?

-Да, пред нас е најстудената зима во историјата, потврдил метеорологот.

-А, како знаете? – прашал поглаварот.

-Па ги гледаме Индијанците како луди собираат купишта дрва, одговорил метеорологот.

 

Втор брак

Стојна му се обраќа на сопругот:

-Побрзај Јован, твоите и моите деца се степаа со нашите!

 

Диктат

На часот по македонски јазик учениците добиле задача да напишат состав на тема: “Што би правел кога би бил министер”.

Сите пишуваат, а малиот Перо не мрднува со прст.

Наставничката го гледа, па строго го прашува:- А зошто Перо ти не пишуваш?

-Па, го чекам лидерот да ми диктира.

 

Рачно е

Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.

-Денес сè ќе правите рачно-им наредил.

И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close