Агро бизнисВестиМакедонија

Серафимовски на средба со овоштарите од Преспа за претстојната реколта

Кои се очекувањата од новата реколта на преспанското јаболко

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски се сретна со претставници на здруженија на производители на јаболка од Преспанскиот регион.

На средбата се разговараше за очекувањата од претстојната реколта, како и за прашањата кои се важни за стабилноста и натамошниот развој на производството на јаболка.

Посебно внимание беше посветено на задругарството како модел за подобра организираност, заеднички настап и посилна пазарна позиција на производителите. Се разговараше и за модернизацијата на производството, примената на современи технологии и развојот на органското производство, како можности за поголема конкурентност и создавање на повисока додадена вредност.

Поврзани новости

Back to top button
jojobet   jojobet   jojobet