
Серафимовски на средба со тутунарите да слушне кои проблеми ги загрижуваат
На средба со претставници на Сојузот на тутунари сакав најнапред да слушнам каква е состојбата со годинешната реколта, а и кои прашања ги загрижуваат пред откупот и каде гледаат простор за подобрување на системот.
Министерот Борче Серафимовски оствари средба со тутунарите. -Тутунот е една од ретките земјоделски култури чиј производствен пат речиси целосно минува низ човечки раце – од расадот, преку берењето лист по лист, до сушењето и подготовката за откуп. Во секоја реколта се вложени месеци работа, знаење и истрајност, од кои зависи егзистенцијата на многу семејства.
На средба со претставници на Сојузот на тутунари сакав најнапред да слушнам каква е состојбата со годинешната реколта, а и кои прашања ги загрижуваат пред откупот и каде гледаат простор за подобрување на системот.
Тутунарите остануваат важни соговорници во подготовката на политиките за оваа стратешка култура, затоа што стабилноста на производството зависи од одлуки кои се донесени навреме и од темелно познавање на реалните услови во кои работат.



