
Агро бизнисВестиТоп вести
Серафимовски – Од 1 јули до 25 август годинава извезени се 7.347,84 тони пиперка „ајварка“
Од 1 јули до 25 август годинава извезени се 7.347,84 тони пиперка, наспроти 7.201,48 тони пиперка што се извезени во истиот период од 2025 година. Значи, имаме зголемување на извозот за 146,36 тони.
Министерот за земјоделие Борче серафимовски објави дека повторно остварил средба во Струмица со производителите на пиперка „ајварка“.
„Повторно разговарав со производителите, откупувачите и преработувачите на пиперка. Уште еднаш отворено зборувавме за сите проблеми и прашања кои влијаат на процесот на откупот, како и за актуелните пазарни движења.
Податоците покажуваат дека македонската пиперка има активен пласман на странските пазари. Во периодот од 1 јули до 25 август годинава извезени се 7.347,84 тони пиперка, наспроти 7.201,48 тони пиперка што се извезени во истиот период од 2025 година. Значи, имаме зголемување на извозот за 146,36 тони.
Но, само низ дијалог на сите чинители, придобивките од овој извоз може да се почувствуваат низ целиот синџир – од производството и откупот до преработката и извозот на пиперка, објави Серафимовски.




