Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Серафимовски – Земјоделците со храна од локално потекло можат да остварат поголем приход

Ајвар, лутеница, органски мед, маџун, домашен оцет, зачини, млечни и месни производи, овошје и зеленчук беа дел од трпезата што домашните производители ја донесоа на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“.

Есента ја видовме во боите на Градскиот парк, а ја вкусивме пред Школка.

Ајвар, лутеница, органски мед, маџун, домашен оцет, зачини, млечни и месни производи, овошје и зеленчук беа дел од трпезата што домашните производители ја донесоа на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поддржа саемот за малите производители на традиционална храна од цела Македонија да ја претстават својата понуда пред поширока публика. Од непосредните средби со посетителите можат да произлезат нови нарачки и лојални купувачи.

Со преработка на сопствениот род, земјоделските семејства можат да задржат поголем дел од вредноста на готовиот производ и таа заработка да ја вложат во опрема или во обновување на насадите. Овде може да се препознае простор и за младите претприемачи да развијат нови производи од домашни суровини и преку дигитални платформи да ги понудат и надвор од својот роден крај.

Во насока на поголема сигурност на пласманот на земјоделските продукти, во своето обраќање нагласив дека го финализираме Предлогот на закон за уредување на пазарите со земјоделски производи. Предлагаме условите за откуп и рокот за плаќање да се утврдуваат со писмен договор пред испораката. Паралелно, разработуваме модел што ќе ги поврзе научните истражувања со мерките за приспособување кон климатските промени. Работиме и на зачувување на автохтоните сорти за тие да останат присутни на нивите и да ги сочуваме вкусовите по кои нашироко се препознава македонската храна.

Поврзани новости

Back to top button